Студиото Истабрук Аркитектс, со седиште во Глостер, го заврши проширувањето на камена куќичка од 19 век во Коцволд, Велика Британија.

Проширувањето првенствено значи поголема кујна и трпезарија, како и дополнителна спална и туш кај мезанинот. Обложен целосно во ребрести метални панели, камениот екстериер одговара на изворниот изглед на „колипката“, само е малку одвоен од камената конструкција.

– Внатрешниот изглед на куќата е намерно минималистички, за да го одрази едноставниот изглед на колипка. Сакавме да го нагласиме контрастот со куќа од 19. век, наменета за земјоделците, рече сопственикот на престојувалиштето.

Структурата користи панели со дрвена изолација, а брановидните метални обвивки имаат гарантен рок од најмалку 30 години, без потреба од повторно фарбање.

Температурната изолација на објектот, исто така, е предвидена за да обезбеди пониски трошоци за греење.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2019 12:04