Во спомен на легендарниот американски боксер Мухамед Али, Меѓународниот аеродром во градот Лујсвил го доби неговото име.

По повод одлуката на градските власти градоначалникот Грег Фишер изјави дека Мухамед Али имал само еден роден град и дека, за среќа, тоа е Лујсвил, во американската сојузна држава Кентаки.

– Еден од најпознатите луѓе што одеше по светов, како и неговата спортска и добротворна дејност и денес се инспирација за милијарди луѓе, рече Фишер.

Поранешниот троен светски шампион во тешка категорија, Михамед Али, почина на 6 јуни 2016 година, по долгогодишна борба со Пакринсоновата болест.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2019 16:26