Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе се сретне со шефот на северокорејската разузнавачка служба Ким Џонг-чол со цел да се договорат деталите за втората средба на двајцата лидери Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, изјавија синоќа двајца неименувани високи претставници.

Можно е Ким Џонг-чол да ја посети Белата куќа и да се сретне со Трамп.

Иако се уште нема официјална потврда за средбата Помпео – Ким, шефот на северокорејската разузнавачка служба вчера од Пекинг полета за Вашингтон.

Првата средба помеѓу Трамп и Ким се одржа минатата година во Сингапур, при што беше договорена денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2019 10:03