Канадскиот пејач Брајан Адамс објави песна со наслов „Shine A Light”, која е најава за истоимениот студиски албум, кој ќе биде пуштен во продажба на 1 март.

Албумот, на кој Адамс соработува со Џенифер Лопез и Ед Ширан има 12 нови песни.

Пејачот во февруари почнува и турнеја под истото име, во Канада, Нов Зеланд, Австралија и Обединетото Кралство. Албумот сега е достапен само преку официјалната интернет-продавница на музичарот.

„Shine A Light” е современа поп-рок песна, за која Адамс соработуваше со Ед Ширан.

Брајан Адамс е роден 1959 година во канадскиот град Кингстон. Со музика почнал да се занимава на свои 15 години, но со светска слава во се здоби 1983 година, со својот трет студиски албум, „Cuts Like a Knife“. Негови најпознати песни се „Heaven“ и „Have You Ever Really Loved a Woman?“, кои беа први на листата Билборд Хот 100.

Добитник е на неколку од престижните Греми награди, а досега има продадено повеќе од 75 милиони албуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2019 12:05