На 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23,07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во полицискиот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Според изнесените иницијали во полицискиот билтен, иницијалите одговараат на Саше Ивановски познат како Политико, како и иницијалите се идентични со името и презимето на неговата сопруга.

Сепак, тој за „Република“ демантираше дека имало било каков напад помеѓу него и сопругата.

Не е точно, немало такво нешто, кратко изјави Ивановски за „Република“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2019 15:53