Поранешниот супермодел Кристи Бринкли на настан во Њујорк се појави во бел мини-фустан со долги ракави. Инаку, таа има 64 години и е мајка на три деца од три брака.

Бринкли во минатото беше мажена со музичарот Били Џоел и со архитектот Питер Хелси Кук. И со двајцата има по една ќерка. Таа, исто така, има и син од бракот со Ричард Таубман.

Кристи никогаш не била поддржувач на диетите, но е вегетаријанка уште од нејзината 13-годишна возраст, па според многумина, можеби тоа е клучот за нејзиниот изглед.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2019 00:54