Во Полициската станица Тетово, 20-годишна девојка од тетовско село вчера пријавила дека Д.С.(22) од село Камењане, тетовско, ја уценувал односно и побарал пари, а доколку одбие ќе објавел нејзини фотографии и снимки со компромитирачка содржина, информираат од МВР.
По преземени мерки, Д.С. е лишен од слобода.
По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.