Според информациите на МВР, вчера во 11:15 часот во Полициската станица Центар, Д.Т.(39) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10:45 часот во зградата на Основен суд Скопје 1 Скопје на булевар „Гоце Делчев“ бил физички нападнат од Д.Т.(47) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, против Д.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.