Јапонскиот премиер Шинѕо Абе заминува во посета на Русија за да разговара со претседателот на таа држва Владимир Путин. За време на состанокот закажан за 22 јануари, двајцата лидери ќе се фокусираат на прашањето за мировен договор.
Според јапонски медиуи, Абе планира потпишување мировен догвоор со Русија под услов Москва да даде гаранции дека островот Шикотан и групата мали острови што Јапонија ги нарекува Хамобаи да биде предадена на Токио.
Министерот за надворешни работи на Јапонија, Таро Коно кој заедно со Абе ќе престојува во Русија, изјави на прес конференција дека не сака да коментира агенда за билатералните разговори за да не се создадат пречки.
Коно минатата недела разговараше во Москва со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. По состанокот Коно рече дека прашањето за мировниот договор е исклучително комплицирано, но лидерите на Јапонија и Русија се одлучни во изнаоѓање решение.