Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп нагласил дека Турција е подготвена да преземе обезбедување на Мнаџиб во Сирија без одлагање.

Ердоган рекол дека „нападот во кој четири припадници на американскиот контигент загинале минатата недела во Манџиб бил чин на провокација со цел влијание врз одлуката на Трамп за повлекување на трупите од Сирија“.

Манџиб се наоѓа под контрола на вооружени формации поврзани со курдските Единици за заштита на народот што имаат поддршка од САД. Тие формации минатиот месец го повикаа сирискиот претседател Башар Асад во подрачје околу градот за да спречат евентуален турски напад.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 10:03