Екстремно студено време денеска зафати голем дел од САД, од Средниот запад до источниот брег и предизвика пад на температурите во Бостон, Вашингтон и Њујорк до минус 16 степени Целзиусови.

Американската Национална метеоролошка служба соопшти дека е издадено предупредување за уште 10 американски сојузни држави, затоа што се очекуваат ветрови со брзина до 70 километри на час.

Денеска се откажани најмалку 300 летови, но железничкиот сообраќај полека се враќа во нормала по вчерашниот пад на температурите.

Вчера беа одложени повеќе од 14.000 летови, а 2.000 беа откажани поради екстремно студеното време.

Затоплување се очекува од утре, но нема да трае, затоа што за викендот се очекува уште еден „арктички удар“, јавуваат локалните медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 12:25