Во Струшкото село Јабланица вчера нарушен е јавниот ред и мир со физички напад меѓу две лица. СВР Охрид денеска соопшти дека околу 14 часот С.Ш. од селото Јабланица, физички го нападнал својот соселанец Б.К.

-При нападот, употребен е тврд предмет од кој, Б.К. се здобил со телесни повреди. Натамошниот тек на нарушувањето е спречено од присутни граѓани, стои во информацијата на полицијата.

Повредениот, како што е наведено, е префрлен во Општата болница во Струга, а потоа пуштен на домашно лекување.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 12:48