Во СВР Велес вчера било пријавено дека во Медицинскиот центар Велес починал М.К.(57) од Крагуевац.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски наведе дека лицето, прво побарало медицинска помош во Градско, по што, по негово барање, бил пренесен во Медицинскиот центар Велес, каде починал.

Тој посочи дека лекар од Медицинскиот центар констатирал смрт без траги на насилство.

Додевски изјави дека по наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 13:50