Британската премиерка Тереза Меј денеска ги отфрли повиците за одлагање на истапувањето на Велика Британија од ЕУ, предвидено за 29 март.

Меј нагласи дека наместо одлагање на Брегзитот, таа уште повеќе ќе се залага Парламентот во Лондон да го одобри договорот за британското напуштање на Унијата.

Портпарол на Даунинг Стрит 10, претходно денеска соопшти дека Меј води преговори со претставници на пратениците во Парламентот, посветени на измени во нејзиниот „план Б“ за Брегзит, со цел да обезбеди парламентарна поддршка за предлогот.

Тој истакна дека Меј ќе мора да прифати промени во предлложениот „план Б“, доколу сака да ја добие поддршката од пратениците и да спречи Брегзит без договор.

Според најавите, Меј денеска до Парламнетот треба да го достави својот „план Б“ за истапувањето на Велика Британија од ЕУ, откако пратениците минатиот вторник го отфрлија Договорот за Брегзит, што нејзината Влада го постигна со Брисел.

Претседателката на Долниот дом на британскиот Парламент, Андреа Лидсом во четртокот најави дека гласањето по „планот Б“ за Брегзит би требало да се одржи 29 јануари, но портаролот на Меј денеска истакна дека Владата ќе побара да се гласа по предлогот дури откако ќе биде уверена дека може да добие поддршка за него.

ЕУ досега цврсто обиваше нови преговори за договорот за Брегзит, иако по неговото отфрлање од страна на Парламнетот во Вестминстер, некои лидери на земји членки на ЕУ најавија можност за разговори за прецизирање на некои детали.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 18:05