Канада во наредните три години ќе прими 1.080 000 мигранти, пренесуваат светските медиуми.
Оваа држава со скоро 37 милиони жители се соочува со проблеми поради стареењето на популацијата, падот на наталитетот и недостатокот на работна сила па се одлучи да ги отвори границите за жителите на другите земји.
„Растот на бројот на мигранти, посебно на оние економските, ќе ни помогнат во одржувањето на работната сила, економскиот раст и поттикнувањето на иновации“ – пишува во соопштението на Владата.
„Бидејќи Канада има една од најниските стапки на наталитет и се постара популација, на земјата и се потребни мигранти за раст на економијата“, објаснил Карем ал Асал, водач на проектот за миграција.
Тој додал дека проблемот ќе се зголеми во следната деценија.