САД ќе почнат процес за службена екстрадиција на директорката на Хуавеј Менг Ванжу од Канада, изјави канадскиот амбасадор во САД Дејвид Мекнотон, што е чекор кој дополнително ќе ги отежне односите со Кина.

Во интервју за канадски медиуми, Мекнотон рече дека САД и најавиле на Канада дека бараат нејзина екстрадиција, но не прецизира кога САД ќе го поднесат барањето. Рокот за барањето за екстрадиција е 30 јануари, 60 дена откако Менг заврши во притвор на 1 декември во Ванкувер.

Менг, која е ќерка на основачот на Хуавеј, Рен Женгфеи, беше уапсена на барање на САД поради наводно кршење на американските санкции против Иран.

Таа беше ослободена со кауција минатиот месец, а на суд во Ванкувер ќе се појави на 6 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2019 10:59