Високата претставничка на ЕУ за надворешн аполитика и бебзедност Федерика Могерини по денешниот состанок со претставници на Африканската Унија (АУ) во Брисел, не ја доведе во прашање победата на новоизбраниот претседател на ДР Конго, Феликс Чисекеди, јави дописничката на МИА во Брисел.

Чисекеди беше прогласен за победник на претседателските избори во ДР Конго од страна на националната изборна комисија, но Уставниот суд на оваа африканска држава, како и претставници на западни земји не ја делат процената на комисијата и тврдат дека победил опозиционерот Мартин Фајулу, ппвикувајќи се на податоците од бројни предизборни анкети. Фајулу, исто така, не ги признава изборните резултати.

Изборите во ДР Конго, кои досегашниот претседател Жозеф Кабила ги одлагаше две години, беа спроведоа без странски набљудувачи.

И покрај начелните сомнежи изразени од страна на ЕУ за валидноста на победата на Чисекеди, денеска ЕУ настапи со друг тон.

Претставникот на Африканската Унија изјави дека се подготвени да соработуваат со прогласениот победник, додека Могерини, од своја страна, порача дека „претседателот треба да обединува и да се посвети на внатрешниот дијалог“.

– Конгоанците ја изразија својата желба за промена, новиот претседател ќе се соочи со бројни безбедносни предизвици, додаде Могерини.

Шефицата на европската дипломатија денеска побара од властите на ДР Конго да му дозволат враќање во земјата на амбасадорот на ЕУ, Барт Уври, кој беше протеран од Киншаса пред изборите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2019 18:28