Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинѕо Абе потврдија дека се одлучни да најдат решение за долгогодишниот спор во врска со Курилските Острови.

На прес-конференција, по разговорите во Москва, Абе рече дека јапонскиот и рускиот министер за надворешни работи во февруари ќе ги продолжат разговорите за спорот кој се однесува на островите во Пацификот, кој поранешниот Советски Сојуз го зазеде кон крајот на Втората светска војна.

Спорните острови во Русија се познати како Курилски, додека во Јапонија ги викаат Северна територија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2019 18:44