Серија крвави злосторства ја потресоа Австрија. Завчера попладне, на паркинг во Тулина е убиена жена (32), мајка на две деца.

Жртвата на паркинг пред маркетот ја пречекал нејзиниот сопруг (36) и до смрт ја прободел со нож. Полицијата соопшти дека несреќната жена била прободена неколкупати во вратот и дека починала на самото место. Луѓето кои отишле на пазарење беа шокирани од злосторството кое се случило пред нивните очи.

Инаку, станува збор за пар од Македонија, а нивните две деца од шест и десет години за среќа не беа на местото на злосторот.

По оваа ужасна семејна трагедија, децата веднаш се згрижени во соодветна институција. Убиецот беше уапсен, а оружјето со кое го извршил убиството исто така е пронајдено. Мотивот на крвавото злосторство се уште не е познат.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 02:03