На 23.01.2019 година во 02.45 часот при вршење на мотопатролна дејност од страна на полициски службеници од Граничен премин Богородица, кај клучка за село Миравци, гевгелиско при проверка на Д.Ѓ.(31) од село Миравци била пронајдена и одземена ловна пушка за која не поседувал дозвола.

Лицето било приведено, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 22:17