Уапсени две лица пред Собрание. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 10.30 часот во Скопје, пред Собрание на Република Македонија, од слобода биле лишени Т.Т.Ц.(52) и Т.П.Б.(45), двајцата од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено снимање“, односно дека неовластено фотографирале странска делегација која влегувала во Собранието.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2019 03:34