Во пловен објект во водите на Охридското Езеро во близина на струшкото село Радожда вчера се пронајдени рибарски мрежи и друга риболовна опрема.

СВР Охрид денеска соопшти дека на 24 јануари околу 6 часот и 30 минути при излегување на чамецот од езерските води на местото биле затекнати Д.С.(55) и Т.Н.(24), двајцата од селото Радожда

-Во пловниот објект пронајдени се рибарски мрежи, средство за риболов „САК“ како и друга риболовна опрема. Опремата е одземена, а по целосно документирање на настанот, согласно Законот за рибарство и аквакултура, против Д.С. и Т.Н. ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2019 19:34