Триесет и шестгодишна скопјанка е повредена откако се откачил лифтот во кој влегла заедно со нејзиниот малолетен син. Инцидентот се случил во саботата во зграда на улицата „Вангел Тодоровски“ во скопската населба Аеродром.

МВР денеска соопшти дека 36-годишната А.В. кога влегла во лифтот го притиснала копчето за третиот кат, но лифтот се откачил и паднал едно ниво подолу.

На А.В. и е укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ по што е пуштена на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот и известен е јавен обвинител.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2019 14:59