Вкупно четири пријави за кршење апарати за игри на среќа во период од неколку дена се регистрирани во казина и обложувалници во Струмица, информираат денеска од СВР Струмица.
Најпрво на 25 овој месец во 03:20 часот во СВР Струмица, вработен во агенција за обезбедување пријавил дека претходниот ден околу 18:50 часот во казино во Струмица Л.К (34) од Струмица скршил апарат за игри на среќа. Истото лице пријавило дека на 25.01.2019 година околу 03.00 часот во истото казино непознато лице скршило апарат за игри на среќа.
Во СВР Струмица, на 25 овој месец во 04:45 часот, вработен во агенција за обезбедување пријавил дека истиот ден околу 04:30 часот во казино во Струмица непознато лице скршило апарат за игри на среќа.
Последниот случај е пријавен вчера во 15.00 часот во СВР Струмица, од страна на вработена во обложувалница, која пријавила дека истиот ден околу 14:30 часот К.Т. (56) од Струмица скршило апарат за игри на среќа.
Од СВР Струмица информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.