Сообраќајните полициски службеници од Полициската станица со општа надлежност во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, во измнатиот викенд спроведоа зајакнати акциски контроли во областа на сообраќајот.

Спорд портпаролот на Секторот за внатрешни работи во Охрд Стефан Димоски, контролирани се 50 патнички и други моторни возила при што по утврдените неправилности изречени се соодветни мерки.

-Кај 19 возачи извршено е алкотестирање, при што кај тројца од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Полициските службеници евидентирале и случаи на пречекорување на предвидената брзина на движење во населено место, како и други непочитувања на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, вели Димоски.

Според него, врз основа на одредбите на овој закон издадени се два мандатни платни налога, а се поднесени и три барања за поведување прекршочна постапка.

-Акциските контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, додава Димоски.

Општа е оценката дека низ патиштата во двете општини во текот на минатата година регистриран е намален број прекршоци и сообраќајни несреќи, при што посебно треба да се нагласи фактот дека во незгодите нема жртви.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2019 12:07