Ајфон целосно направен од стакло е долгогодишен сон на дизајнерите на Епл, предводени од Џони Ајв, и тоа можеби конечно е на дофат.

Меѓутоа, за тоа да се оствари, потребно е да се создаде стакло доволно софистицирано за од сѐ тоа да може да се направи цело куќиште на „паметен телефон“. На тој уред нема да има физички копчиња, отвори, врски меѓу различните материјали и слични „недостатоци“ во елегантниот надворешен изглед.

Најверојатно Епл е блиску до изработка на такво свитливо стакло, во кое би бил сместен еластичен екран, а пак, за останатите електронски делови има неколку предложени начини да бидат прицврстени внатре.

Но, доколку Епл веќе го има патентот за новата технологија, тоа пак не мора да значи дека ќе го примени на свој уред.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2019 13:57