Приведени се седум лица за нападот над двајца полициски службеници во скопската населба Шуто Оризари.

Министерот на внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека истрагата е при крај и оти ќе бидат поднесени кривични пријави за овие седум лица.

-Се работи на препознавање на уште неколку лица што треба да бидат обезбедени и да се поднесат соодветни поднесоци, соопшти Спасовски.

Инцидентот се случил кога полицајците со уште едно лице пристигнале на улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, по што биле нападнати од група на граѓани, откако претходно малолетничка наводно видела како непознати лица насилно внеле женско лице во комбе.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2019 14:07