Повеќе од 49,3 милиони денари грантови ќе добијат 12 невладини организации и асоцијации за спроведување на проекти со кои ќе се поттикне локалната и регионалната конкурентност во туризмот. За таа намена денеска во Владата им беа доделени Договори за подгрантови за јакнење на капацитетите на невладините организации и асоцијации од туристичкиот сектор во кои е вклучено и кофинасирање од 10 проценти од висината на предложените проекти од апликантите.

Тие беа избрани на вториот повик што беше објавен во март минатата година во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност на туризмот што е финасиран од страна на Европската унија преку ИПА 2 инструментот за претпристапна помош во износ од 18 милиони евра, со учество на Владата во износ од 3,2 милиони евра, а се спроведува со партиципација на Светска банка.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев посочи дека туризмот е една од гранките во земјава од која се очекува да има најбрз развој и раст и додаде дека во Македонија константно расте бројот на посетители поради што мора да се подобри и туристичката понуда.

-Македонија нема море, но има езера и многу планини. Токму во тој дел се фокусирани и проектите за кои денеска ќе се доделат грантови. Со нив асоцијацииите ќе ги развиваат туристичките активности во Република Македонија од приватен аспект. Очекуваме дека ќе биде подобрен туристичкиот пристап и туристичката понуда во земјава и ќе се понудат многу интересни активности од летање со падобрани и балони до скијање и јавање на коњи, рече Анѓушев на доделувањето на договорите.

Тој им честита на апликантите за добирите идеи кои ги понудиле во нивните проекти и додаде дека се надева оти ќе доживеат да го видат светлото на денот во рализација низ програмата.

Френк Јанмат, раководителот на Секторот за економски прашања, градење институции и прекугранична соработка во Делегацијата на ЕУ, рече дека туризмот е многу важен за Македонија и оти секоја година расте за шест до седум проценти.

-Уделот на турзизмот во растот на БДП секоја година се зголемува и понатаму ќе расте. Сметма дека одбраните 12 проекти се доста добри и оти ќе придонесат кон економскиот развој и создавањето на работни места, како и кон заштита на културното и природното наследство и животната средина, рече Јанмат.

Директорот на канцеларијата на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели, потенцира дека туризмот во светски рамки е значителен економски сектор, кој учествува со 10 отсто во глобалниот Бруто домашен производ, седум отсто во меѓународната трговија и вкупно 30 отсто од извезените услуги ширум светот.

-Услугите се еден од начините да се зголеми потенцијалот за економски раст. Со овој проект се стимулираат асоцијациите, невладините организации, општините и малите и микро претпријатија да креираат проекти, но и да се развиваат капацитети за да се планира идниот развој на туризмот. Планираниот туристички развој може да има многу позитивно влијание. Со овој проект ќе се придонесе кон изградба на нова инфраструктура, зачувување на животната средина, ревитилизација на локалитетите, ќе се поттикне конкурентнската предност на различни дестинации, бидејќи не секоја локација може да привлече ист вид на туристи или квалитет на услуга, подвлече Мантованели.

Антонија Шишак, директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, посочи дека во рамките на проектот беа организирани повеќе од 20 инфосесии, работилници и настани, а била остварена и сороботка со стопанските комори за да може да се привлечат што поголем број на потенцијални корисници кои ќе можат да дадат придонес за развој на туризмот со своите проекти.

-Со активностите кои ги предложија апликантите од невладиниот сектор во своите проекти очекуваме зголемување на кввалитетот на понудените услуги во туристичкиот сектор преку организација на бројни обуки и едукација за вратботените во секторот, како и подобрување, проширување и збохгатување на постоечката туристичка понуда и воведување на нови иновативни решенија и ИТ солуции кои ќе бидат атрактирвни за домашните и странските туристи

Од името на добитниците на договорите се заблагодари Борче Пауновски кој посочи дека нивните проекти се препознати како валоризација на долгогодишното работење на терен.

-Сите проекти значат збогатување на туристичката понуда и пакетите кои се нудат во Македонија. Целта на сите одобрени проекти е туристите да ја препознаваат Македонија како дестинација за авантуристички и алтернативен туризам, рече Пауновски.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2019 15:25