Здружението на стечајни работници- УНИТ очекува да бидат опфатени дополнителен број стечајци со измените и дополнувањата на законот за стечајци. Од здружението велат дека разговарале со Министерството за труд и социјална политика за можни измени и дополни.

-Со дополнувањето се очекува да се зголеми возраста кај стечајците и да изнесува 57 години за жени и 59 за мажи, со минимум 15 години стаж во фирма во државна сопственост и пет години лицата да не се вработени, изјави претседателката на УНИТ Лилјана Георгиевска.

Таа додаде дека имало реакции од чевларските и текстилните фирми дека дел од нивните вработени, а воедно и членови на УНИТ, кои ги исполнуваа условите се откажуваа од работата.

Преку овие измени ќе се излезе во пресрет и на лицата кои веќе не се способни да работат, но и на овие фирми.

Георгиевска нагласи дека се преговара и за обештетување на оние кои работеле до 1993-та година, а не како што беше досега до 1995-та година.

Со новите измени, од УНИТ очекуваат и со дополнувањето да се опфатат и стечајците од фирмите кои што досега не беа опфатени поради матичните броеви на нивните фирми, на ниво на Куманово, стечајците од ЗИК, Кожара и други фирми.

На ниво на Македонија досега со законот се опфатени околу 10.000 стечајци, а на ниво на Куманово околу 800. Со имените и дополните се очекува таа бројка да се зголеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2019 15:30