Завршна конференција за проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Пред присутните, како што најавија од Фондацијата за образовани и културни иницијативи „Чекор по чекор“, ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, Никола Бетролини, како и практичари и експерти од земјава и од странство.

Проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“ почна да се реализира на почетокот на 2018 со цел да се придонесе кон тековните реформи за интеграција во Европската Унија, преку зајакнување на компетенциите на засегнатите страни и учеството на граѓанското општество во осигурување на рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (ПОВЗ).

Проектот беше финансиски поддржан од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) а го спроведуваше Фондацијата за образовани и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во партнерство со невладините организации ЦСИ „Надеж“ од Скопје и „Биро Мутант“ од Холандија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 10:27