Основното јавно обвинителство достави обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 и предлог да се продолжи мерката притвор за лице од Бутел во чиј дом биле пронајдени 295,3 килограми марихуана.

– Ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото и го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Тој се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, псрихотропни супстанции и прекурсори.

Дрогата била пронајдена на 4 јануари при претрес на неговиот дом во Бутел.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 11:26