Инцидент со пукотница од огнено оружје попладнево се случил во Средношколксиот машинско-училишен центар „Свети Наум Охридски“ во Охрид.

Од СВР – Охрид ја потврдија информацијата, со појаснување дека едно младо лице е префрлено во болница како последица на пукотницата, но без потврда дали се работи за инцидент предизвикан од вистинско огнено оружје.

На лице место увид врши екипа на крим-техника, во присуство на јавен обвинител, што треба да ги утврди околностите во врска со инцидентот.

Непотврдени информации укажуваат дека ученик на средното училиште од попладневната смена носел пиштол, притоа заканувајќи им се на другите ученици. Притоа, при испукување тој се самоповредил во пределот на главата. Не е познато дали повредите се опасни по неговиот живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 17:46