Со минус 34 степени Целзиусови во местото Рокфорд, во американската сојузна држава Илиноис урнат е досегашниот рекорд на ниски температури во екот на поларното време, кое го зафати американскиот среден запад, објави денеска националната метеоролошка служба.

Во Рокфорд утрово беа измерени минус 34 степени Целзиусови, а претходниот рекорд беше минус 33, забележан на 10 јануари 1982 година.

Податоците за температурите во тој град се евидентираат од 1905 година. Рокфорд е околу 130 километри северозападно од Чикаго.

Метеоролозите за викендов најавуваат потопло време.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 18:04