Стела Макартни пушта во продажба нова колекција очила за сонце и оптички рамки изработени од нов еколошки материјал креиран од природни обновливи извори, односно од биоацетат.
Во видео-кампањата пак, главно лице е моделот Линдзи Виксон. Таа меѓу другото, објаснува дека новиот материјал ја заменува пластиката од фосилни горива, што „би помогнало за приближување кон целта – елиминирање на сета непотребна и проблематична пластика до 2025 година“.
Биоацетат се добива од целулозниот ацетат од дрвјата, и од пластификатор којшто се прави од лимонска киселина, што го чини природен, обновлив и биоразградлив материјал.
Инаку, брендот „Стела Макартни“ последниве неколку години целосно го исфрлија крзното од употреба, и претставија неколку алтернативни материјали како замена за нивнните вообичаени и еколошки неподобни еквиваленти.