Откако во три филма го играше Бетмен, Бен Афрек (46), доби отказ и повеќе нема да го глуми овој херој. Имено, новиот филм со Бетмен, кој ќе биде режиран од Мет Ривс, ќе пристигне во кината во 2021 година, а самиот Афлек потврди дека нема да биде во него.

-Таа улога бара фокус, страст и најдобро глуење, кое можеш да го дадеш. Стана јасно дека јас не можам да ги исполнам тие барања , рече Афлек.

Тој додаде дека причината за неговиот отказ била неговата зависност од алкохол, поради што лани третпати завршил на лекување. Иако нема да игра, актерот рече дека е среќен што филмот ќе биде снимен откако беше објавено дека ќе го гледаме во кината во 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 16:22