Министерството за култура соопшти дека најновите информации поврзани со неговото работење ќе може да се најдат на неговата редизајнирана веб-страница www.kultura.gov.mk .

Освен новиот дизајн, како што се посочува, на веб-страницата се поставени и информации што се однесуваат на раководниот кадар и организациската поставеност на Министерството, активностите на институцијата, легислативата, државните награди, актуелни конкурси и резултати од нив, информации и соопштенија за дневните настани во установите од областа на културата, контакти со вработените по дејности.

Содржините на новата веб-страница на Министерството за култура се и на албански јазик, а паралелно ќе се објавуваат и на англиски јазик. Новата веб-страница ќе овозможи подобар пристап на граѓаните до сите информации поврзани со работата на Министерството, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 15:33