Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер уште еднаш го изрази ставот дека Манчестер Јунајтед има подобар тим од тимот од Мерсисајд.

Карагер го прокоментира ремито на Ливерпул со Вест Хем, по што предноста на „црвените“ пред Манчестер Сити веќе е само три поени.

– Не треба да го припишеме ова реми само на притисокот во борбата за титулата, едноставно имаше многу играчи кои играа слабо. Веќе сум кажал дека Манчестер Јунајтед има подобар состав од оној на Ливерпул. За ситуацијата со десното крило, Клоп направи голема грешка, кога се раздели со Натаниел Клајн. Милнер игра два пати таму и дефинитивно не изгледа на својата позиција, изјави Џејми Карагер.

Тој додаде дека тоа веќе не е Ливерпул кој гледавме во последните пет месеци и дека ѕвездите на тимот Мохамед Салах и Роберто Фирмино не личат на себе си.

– Плативме големи пари за Кеита, но тој продолжува да ја губи топката. Фирмино не личи на себе, како и Салах, рече Карагер во етерот на „Скај Спортс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2019 11:47