Каталонскиот весник „Спорт“ денеска на своите страници тврди дека Лионел Меси ќе биде подготвен за игра и ќе биде на линија за натпреварот против Реал Мадрид утре вечер.

Изданието излезе со насловната страница со наслов „Меси – „да“ на „Ел Класико“.

Меси се очекува да тренира денес и да биде вклучен во групата на Ернесто Валверде за мечот со „белите“.

Часови пред почетокот на мечот, тренерот на „лос кулес“ ќе одлучи дали „Ла Пулга“ ќе биде стартер.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2019 12:42