Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, верува дека претстојната недела е клучна за борбата за титулата во англиската Премиер лига.

Шампионите, кои заостануваат 3 поени зад лидерот Ливерпул, утре од 20:45 часот гостуваат на Евертон во одложен натпревар, а во недела го пречекуваат четвртиот на табелата – Челзи.

– Ни претстојат два многу тешки натпревари со Евертон и Челзи, во кои сакаме да победиме. Ако не го направиме тоа, ќе стане доста тешко за нас во борбата за титулата во Премиер лигата. Знаеме дека треба да ја подобриме играта … понекогаш не играме така, како што сакаме. Треба да бидеме постојани и да ги поправиме грешките кои ги дозволуваме. Атмосферата во соблекувалната е неверојатна. Секој се обидува да помогне на своите соиграчи. Сакаме да стануваме подобри играчи со секој изминат натпревар, да бидеме посилни како тим и да освоим титули на крајот на сезоната, прокоментира Португалецот.

Ливерпул е на чело на табелата во Премиер лигата со 62 поени по 25 кола, додека Сити има 59.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2019 12:44