Цените на угостителските услуги во јануари годинава во споредба со декември мината година се зголемени за 0,2 отсто. Во однос на јануари лани угостителските услуги поскапеле за 2,8 отсто.

Државниот завод за статистика денеска објави дека во јануари во однос на декември споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите „храна“ за 0,2 отсто, „безалкохолни пијалаци“ за 0,1 отсто и „ноќевања“ за 0,2 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2019 13:34