Двајца малолетници привела тетовската полиција како осомничени дека се сторители на две кражби извршени на први и трети февруари.
Едната кражба била извршена во возило на регионалниот пат Тетово Попова Шапка, а другата во објект на булеварот „Илинденска“ во Тетово, информираа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Осомничени како извршители на овие кражби се 17-годишник од тетовското село Озормиште и 15-годишник од Тетово.
Двете лица биле приведени во Полициската станица Тетово а одземените парични средства и предмети што биле пронајдени кај малолетниците им биле вратени на нивните сопственици.
Се расчистува и документира случајот по што за сторителите на двете кражби ќе следуваат соодветни поднесоци најавија од полицијата.