Американската актерка Анџелина Џоли го повика Мјанмар да покаже вистинска посветеност за ставање крајот на насилството и раселување во сојузната држава Ракајн, од каде што стотици илјади муслимани Рохинџи избегаа во соседен Бангладеш.
Џоли, која е, исто така, специјален претставник на Агенцијата за човекови права на ОН, ги посети бегалските кампови во Бангладеш, каде што престојуваат околу милион Рохинџи.
Од август 2017 година, кога армијата на Мјанмар започна насилна операција, оттаму побегнаа повеќе од 700.000 Рохинџи. Повод за воената операција беа нападите на бунтовнички групи на Рохинџи врз воени контролни пунктови.
Џоли се наоѓа во тридневна посета на Бангладеш пред да побара донација од 920 милиони долари за поддршка на бегалците.