Архитектонското студио БЕНТ доби нарачка од едно четиричлено семејство со миленичиња во Мелбурн, кое сака повеќе простор и постојниот дом да го поврзе со дворот и природата која го опкружува живеалиштето.

Така, оригиналната куќичка со стил од 60-те, доби дополнителен светол простор којшто никако не е традиционален. Додатокот е изграден токму под натстрешницата на куќата, при што е искористен и мал простор околу таа структура.

Дневната соба е масивна со прозорци од под до таван и помали прозорци покрај каминот, додавајќи му посебна топлина на живеалиштето, каде што полираните бетонски подови се надоврзуваат со поглед кон градината.

Од материјалите доминираат благородно дрво, камен, бетон и цигли што овој дом го чини удобно современо катче за едно семејство.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2019 16:59