Хеви метал легендата Ози Озборн е в болница, поради компликации од вирус од грип.

Неколку дена претходно, рокерот ги одложи закажаните концерти во Велика Британија и во Европа, при што на официјалната страница, им се извини на обожавателите и наведе дека последниве месеци страда од неколку болести.

Но, во објавата вети заедничка турнеја со хеви метал групата Џудас Прист во текот на годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 12:39