Во детството, поради специфичнниот и налик вештачки изглед, Јужносуданката Дуки Тот била исмевана, па дури и жртва на насилство. По победата на австралиското шоу Топ модел, денес таа е заштитно лице на многу брендови, а токму поради својот лик, кој сепак е природен, и темната кожа, ја викаат „Црната Барбика“.
По тешкото детство, на свои 17 години, слични зајадливи коментари доживеа и за време на натпреварот во емисијата. Имено, тогаш многумина сметаа дека Дуки е вештачка, дека направила многу пластични операции и дека ги ретушира фотографиите.
Но сепак, Дуки победи на австралиското ТВ шоу во 2013 година, и оттогаш нејзината карииера оди по нагорна линија.