Вработените на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе добијат пет отсто поголеми плати од јануари 2019, одлучи Владата на вчерашната седница.

– Владата ги задолжи стручните служби на Медицинскиот факултет да направат пресметка и да извршат исплата на платите на сите вработени со полно работно време на Медицинскиот факултет во Скопје, повисока за пет проценти, почнувајќи од јануари 2019 година, стои во владиното соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 11:50