[hpoto]

Жител на Струшкото село Октиси во дворот одгледувал стебла од канабис, а при претрес на неговиот дом пронајдена била и марихуана, соопшти СВР Охрид.

По извршениот претрес во домот на Н.Р (34) од Октиси, како што е наведено во соопштението, во дворот пронајдени и одземени се саксии со стебла од растителниот род Cannabis и дрога марихуана.


Жител на Октиси во дворот одгледувал марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица во Струга поднела кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Н.Р. поради сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 13:27