Продажбата на албуми во САД лани опаднала за 18,2 отсто во однос на претходната 2017 година, а продажбата на синглови – за 28,8 отсто, покажуваат податоците на Баз-Енгл.

На сметка на тоа, музичките аудио и видеостримови се зголемиле за 35,4 проценти. Од вкупниот музички промет во САД минатата година, 77 отсто отпаѓа на стримингот преку, на пример, Спотифај и Епл, 17,3 отсто на продажбата на албуми и 5,7 отсто на сингловите.

Поради тоа, компанијата за купување преку интернет „Бест Бај“, одлучи да престане со продажбата на ЦД-ња.

Поради ова, познавачи на состојбите во музичката индустрија прашуваат дали е можеби не е време издавањето албуми и сниглови да го промени својот облик.

– Работите се јасни, купувањето музика сега излегува од тренд скоро исто толку брзо како што стриминг музиката зема замав, велат познавачите за „Ролинг стоун“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2019 11:20