Вработен во фирма за испорака на парични фондови денеска во Обервилие избега со еден до три милиони евра, што се наоѓале во блиндирано комбе со кое тој управувал.

Станува збор за вработен на 28-годишна возраст во компанијата „Ломис“, кој ги оставил своите колеги на предвиденото место и заминал со возилото, јавија француските медиуми, цитирајќи извор близок до истрагата.

Комбето е пронајдено на 500 метри подалеку, без возачот, со отворени врати и без пари, кои биле ставени во околу 60 вреќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2019 03:28