Водителот од Фокс Њуз, Пит Хегсет призна дека 10 години не си ги измил рацете, затоа што верува дека „микробите не постојат, бидејќи едноставно, не може да се видат со голо око“.

– Јас така се имунизирам себеси, нагласи Хегсет, инаку дипломец на универзитетите Харвард и Принстон.

Тој натаму и нагласи дека една од главните цели за 2019. е да објавува во етерот нешта што обично ги кажува и приватно. Откако предизвика спротивставени интернет-коментари околу неговата хигиена, тој за „Ју-Ес-Еј Тудеј“ изјави дека тоа било шега.

– Живееме во општество во кое луѓето никаде не одат без шишенце Пурел в џеб (средство за дезинфекција за раце) и се дезинфицираат 19.000 пати на ден, небаре тоа ќе им го спаси животот… И јас се грижам за себе и за сѐ тоа, но не сум обземен од таа навика, додава тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2019 15:10